Select Page

Како да отворите и подесите Skrill налог???

Прочитајте подолу како да отворите и како да извршите плаќање преку Skrill

Што е Skrill и како функционира

Skrill (дo 2013 година е познат како Moneybookers) е интернет платен процесор (e-wallet). На своите регистрирани корисници Skrill им овозможува преку својот налог да можат да ги користат предностите на дебитната MasterCard, која можат да ја порачаат преку својот налог.

Skrill регистрација и како да отворите налог

Отворањетои на налог на Skrill е едноставно и сосема бесплатно. За отворање на налог на вас ви се потребни неколку минути. Налогот можете да го отворите тука, пратејки ги понатамшните упатства, чекор по чекор,

Посетете го сајтот на Skrill. Доколку доколку кликнете тука, автоматски ќе бидете пренасочени на страната каде го пополнувате формуларот за регистрација.

Во првиот чекор од регистрацијата неопходно е да го внесете вашиот емаил во полето за емаил, да одберете лозинка за вашиот профил, и да ја потврдите лозинката (Confirm Password). Откако ќе ги внесете емаил адресата и лозинката, кликнете на Next“.

Следниот чекор е внес на основни податоци. Внесете го вашето име (First Name) и презиме (Surname), Држава во која живеете (I live In) и датум на раѓање (Date of birth) (слика подолу). По внесот на овие податоци, кликнете на “Next

Во следниот чекор треба да ја одберете валутата.

Совет: Избраната валута при регистрацијата, нема да можете да ја смените покасно откако ќе го отворите налогот. Затоа добро размислете која валута ќе ја одберете и да ја одберете онаа валута која најмногу ќе ја користите ( најчеста валута е еврото ). Со избор на валута која најмногу ја користите ги избегнувате дополнителните трошкови. На овој начин ќе го намалите бројот на непотребни конверзии на валути на која конверзија постојат дополнителни провизии ( exchange fee ), која провизија ќе ја платите во многу мал број на случаеви, и тоа исклучиво кога примате или плаќате во друга валута од валутата на вашиот Skrill, откако ќе ја одберете валутата, кликнете на “Next“.

Во следниот чекор задолжително е да внесете адреса (Adress 1),  град (City) и поштенски број (Postal Code). Исто така задолжително е сите внесени податоци да се точними да одговараат на податоците од вашите лични документи. После внесот на овие податоци, кликнете на “Next“ ( внесот на точни податоци е важен за подцнежната верификација на вашиот налог подоцна ).

Во последниот чекот, задолжително е да го внесете вашиот телефонски број кој го користите, да го чекирате полето “I’m not a robot” и “I agree to Skrill Terms and Conditions and Privacy Policy“. Со ова потврдувате дека се сложувате со условите на Skrill , и ја завршувате регистрацијата со кликнување на “Open Account“.

Проверете го емаилот кој сте го внеле при регистрацијата. Отворете ја емаил пораката која сте ја добиле од Skrill и кликнете на линкот за верификација, кој се наоѓа во самата порака. Со кликнување на верификациониот линк, успешно ќе бидете пренасочени на почетната страна на Skrill.

Најавете се на својот Skrill налог од почетната страна на сајтот. Внесете ја емаил адресата и лозинката кои сте ги внеле при регистрацијата.

Успешно ја завршивте регистрацијата и го отворивтер својот налог на Skrill.

За да го користите својот нов профил со сиот свој потенцијал, потребно е да го потврдите или верификувате.

Верификација на Skrill налогот – зошто и како?

Верификацијата на налогот е процедура која е задолжителна. Верификацијата морате задолжително да ја направите најчесто откако ќе се регистрирате или во некои подоцнежни моменти, кога тоа од вас ќе го побара Skrill.

Која е целта од верификување на налогот?

Пред се поради сигурноста на вашите пари на Skrill. Откако ќе ха завршите верификацијата, Skrill ќе биде сигурен дека вие сте баш таа особа за која тврдите дека сте, со сите лични податоци за кои тврдите дека се ваши и дека живеете на адресата која сте ја навеле.

Предности кои ги носи верификацијата

Со верификација стекнувате право на поголем лимит ( или укинување на лимитот ) за трансакција на пари на вашиот налог.

Како да го верификувате Skrill налогот?

За целосна верификација на налогот, најчесто се побаруваат да се приложат следниве две работи:

Копија или скениран документ (во боја) важечки идентификационен докемнт, издаден од државен орган. Овој документ може да биде пасош, лична карта ( предна и задна страна ) или возачка дозвола.

Доказ за адреса на која престојувате ( адресата мора да се совпаѓа со внесената адреса при регистрација ). За оваа намена исто така може да ви послужи личната карта.

Горе споменатото е најдобро да се приложи со прикачување на копија од документот од вашиот налог на Skrill.

Kako да уплатите пари на Skrill налог?

 Начин на уплата за депозит

Пари (депозит) на својот налог можете да платите на некои подржани начини:

  • Уплата на деопизт преку Банка – на овој начин можете директно од вашата сметка да префрлите пари со банкарски траснвер на својот Skrill налог. Оваа опција е поддржана во голем број земји. Услов е сметката од кој уплаќате пари да гласи на ваше име. На овој начин на уплата на деопизт, времетраењето на трансверот е во период од 2-5 работни денови, за да ви бидат парите на располагање на вашиот налог.
  • Плаќање со кредитна или дебитна картичка – најчест и најбрз начин на плаќање на депозит. Skrill ги подржува сите типови на кредитни и дебитни картички за плаќање: AMEX, VISA, MasterCard, JCB, Diners, Maestro.
    Плаќање на депозит во овој случај мора да биде со кредитна или дебитна картичка која се води на ваше име. Не е можно плаќање на депозит со поклон картичка, виртуелни картички и слично – кои служат за еднократна употреба.
    Постои можност Skrill да побара да ја верификувате картичката со која сте извршиле плаќање прв пат на својот налог, поради ваша сигурност.
  • Плаќање на депозит со помош на PaySafeCard ваучер – згоден начин на плаќање, доколку немате други можности за плаќање на деопизт на вашиот налог. PaySafeCard ваучерот ви овозможува да платите брзо, лесно и сигурно, без потреба за кредитна картичка или сметка во банка. PaySafeCard ваучерите можете да ги купите во 37 земји од Европа и во 14 различни валути. Кај нас во близина ваучери може да се купат во Хрватска или во Словенија.
    За да користите PaySafeCard со Skrillom, задолжително е потребно да имате отворено MyPaySafeCard налог.

 

Исплата од Skrill – Како да исплатите пари од Skrill налог?

Начини за исплата на депозит (пари) од Skrill налог

Во зависност од државата, Skrill подржува еден од (или сите) начини на кој можете да исплатите депозит од својот налог:

  • исплата на депозит на ваша банковна сметка
  • исплата на депозит на ваша кредитна (дебитна) VISA картичка
  • исплата на депозит на ваша Skrill MasterCard дебитна картичка*

Постоји можност Skrill побара дополнителна верификација пред првата исплата од вашиот налог (во зависност од претходниот статус на вашиот налог и претходно извршени верификации). Евентуална дополнителна верификација допринесува за дополнителна сигурносгт – за да вашите пари стигнат до вас.

 

Плаќање на интернет преку Skrill

Интернет плаќањето со употреба на Skrill, секаде каде што Skrill е прифатен без провизија!

Доколку валутата во која се плаќа одреден износ се разликув од валутата на налогот, се орименуваат трошоци за конверзија од 3,99%(Exchange Fee), но и понатаму без дополнителни провизии.

Трансвер на пари помеѓу Skrill корисници

Како да испратите пари до друг Skrill корисник?

Единствено што ви е потребно е да ја знаете емаил адресата од корисникот на кој сакате да му испратите пари, со која емаил адреса тој е регистриран на Skrill.