Select Page

Туторијал за Kodi

Во овој туторијал ние ќе ја користиме новата верзија: Kodi v17.3 “Krypton . Прво пред се мора да го одберете вашиот PVR client, да одберете навигација за ТВ> “Enter add-on browser”

Ќе се појави нов прозорец, тука одберете “PVR IPTV Simple Client”

Пред да го овозможите PVR Client ќе треба да го подесите, за да го направите тоа кликнете на “Configure”

Пред да ја подесиме плејлистата, оневозможете ја опцијата “Cache m3u at local storage”, со тоа ја задржуваме опцијата за добивање нови канали.

Сега кликнете на M3U Play List URL за да додадете ваш м3u линк.

Копирајте го вашиот m3u линк добиен од наша страна, и бидете сигурни дека дека внесениот линк е внесен точно и потоа притиснете на “OK”

Откако ќе завршите со внес на линкот притиснете “OK”

Проверете го линкот за грешки. Сега притиснете на “OK” за да го затворите табот за подесувања.
Сега можете да го овозможите PVR IPTV Simple Client со кликнување на “Enable”

Забележувате дека се појавува порака која вели дека каналите се лоадираат.

Дозволете програмот да заврши со лоадирање на сите фајлови, потоа рестартирајте го Kodi.

После рестартирањето одете назад до TV и потоа до “Channels”

Сите канали треба да се прикажани сега, можете да видите лента на левата страна каде што се приокажани информации за каналите, која програма се емитува.

Со кликнување на “LEFT” или со притискање на “Options” копчето проширените опции ќе прикажат клик на Група за филтрирање на Тв пакетите.

Тука можете да подесите кои Пакети да се прикажуваат исто така можете да ги селектирате сите канали или да одберете VODS ( video on demand ) и да изберете серија како што е на пример Игра на троновите итн.

Готово, сега можете да гледате iptv !